Kавга помеѓу татко и син на улица во калифорнискиот град Рединг прерасна во крвава драма, откако дваесет и седугодишниот Џејсон Дан првин со ножици го избол својот татко, пеесет и деветгодишниот Грегориј, а потоа си ги исекол рацете.
Полицијата соопшти дека и двете лица веднаш се хоспитализирани во болница и дека имаат повреди опасни по живот.
Покрената е истрага за обид за убиство, но се уште нема никакво обвинение.
Еден од очевидците, Гари Рајнхарт за „Си ен ен“ изјави дека видел како синот и таткото ги носат со возила на брза помош.
–Ова дефинитивно е најлудиот настан кој што се случил на оваа улица – изјави Рајнхарт.
Елена Георгиевска