Во Италија повлечени од продажба замрзнати шумски плодови заразени со Хепетати А

Од:

Во Италија повлечени се од продажба замрзнати шумски плодови откако било утврдено дека се заразени со Хепатит А. Замрзнатите шумски плодови биле увезени од Романија, од Полска и од Бугарија.


Италијанските власти биле алармирани од Системот за брзо предупредување за храна и сточна храна


Италија и претходно двапати сигнализирала за пратки замрзнати шумски плодови заразени со вирусот на Хепатит А. Пратките биле увезени од Канада, од Србија, од Бугарија и од Полска и исто така биле повлечени од пазарот.


Претседателот на романската Национална агенција за санитарно-ветеринарни прашања и безбедност на храната Владимит Манастирјану изјави дека од Романија биле испратени само боровинки и оти институцијата извршила тестови при што е утврдено дека романскиот извозник „немал никакви проблеми“.


Манастирјану посочи дека е можно пратката да била заразена од италијанскиот преработувач, кој направил мешавина од шумски плодови.


Хепатит А е инфективна болест и се пренесува преку храна и заразена вода и има период на инкубација од 15 до 45 денови.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петмина загинати во пожарите и невремето во Италија

Горан Наумовски

Хаос во Италија, три лица беа повредени во судирите меѓу демонстрантите и полицијата

Италија: Запленети канцорогени бразлетни

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Протест со истополови бакнежи во италијанскиот парламент

Емир Латифовиќ

Италија: Заедничка комеморација на загинатите од автобуската несреќа

Емир Латифовиќ

Ќерката Марина го наследува Силвио Берлускони

Емир Латифовиќ