Екстермно десничарските сајтови доминираат во Шведска

Од:

Шведските екстермно десничарски сајтови дневно имаат 16.000 посетители повеќе отколку што, на пример, имаат џихадистисчки веб-страниси, и се 40 пати попосетени во споредба со екстремно левичарските сајтови.

Тоа, како што јави дописникот на МИА, го покажуваат резултатите од една нова студија што ја изготви шведски државен Совет за медиуми.

– Што се однесува до користењето на интернетот како пропаганден инструмент, екстремната десница има мошне поистакната позиција и од екстремната левица и од џихадистите, вели Улф Далквист, кој раководел со изработката на студијата.

Сајтовите кои биле предмет на анлиза се главно шведски, при што е констатирана висока посетеност пред се на веб-страните со екстремнодесничарски содржини.

За споредба може да се посочи дека шведските парламентарни партии имаат 19.000 посети на своите сајтови секој ден, додека во исто време седумте најголеми екстермно десничарски страници имале 144.000 посети дневно.

– Ова е нешто кон што мора да се пријде крајно сериозно. Не треба ниту да се претерува, ниту пак да се потецнува оваа проблематика, но екстермно десничарските групации и кругови на „белата надмоќ“ веќе подолго време дејствуваат во Шведска, заедно со организации во скандинавските земји и во Европа. Тоа мораме да го ставиме под лупа, вели шведската министерка за демократски развој Биргита Олсон.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Пукање во Шведска: Тешко ранет е тинејџер

Пукање во Малме, најмалку едно лице загина

Двајца Британци убиени, па запалени во Шведска

Горан Наумовски

Аларм во Стокхолм: Поради можна бомба евакуирана е Централната железничка станица