(ВИДЕО) Калеска Ванчева: Парламентарното мнозинство ја изгласа помошта за работниците, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со блокади

Од:

„По двомесечна блокада од страна на опозицијата вчера Собранието ги донесе измените и дополнувањата на законите со кои ќе се реализираат мерките од петтиот пакет.

Овие денови започнува исплатата на финансиската поддршка за исплата на плати за месеците февруари и март, каде се опфаќаат 60.000 работни места. Компаниите од најпогодените сектори на располагање ќе имаат 615 милиони денари кредити со нула отсто каматна стапка.

Обезбедена е и поддршка за самостојните вршители на дејност и за регистрираните занаетчии“, рече Снежана Калеска Ванчева, пратеничка и координаторка на Форум на жени на СДСМ.

„Оваа помош граѓаните ја чекаа со месеци заради деструктивната опозиција во Собранието која правеше сè за овие закони да не се донесат.

Парламентарното мнозинство вчера реши да стави крај на уцените од парламентарната опозиција, обезбедивме кворум и потребно мнозинство, Собранието беше функционално и ефикасно.

Вчера победија интересите и потребите на граѓаните, на оние граѓани чии претставници сме, оние граѓани кои нè плаќаат преку Буџетот.

Вчера повторно беше поразено деструктивното, ненародно дејствување на опозицијата.

Пропаднаа сите нивни обиди народот да остане без помошта што е обезбедена од Владата, пропаднаа нивните обиди Собранието да биде нефункционално и закочено.

Но денеска повторно сме сведоци на деструктивно, ненародно однесување на ВМРО-ДПМНЕ.

Денеска, на само еден час пред одржувањето Тимчо Муцунски ја откажа седницата на Комисијата за финансирање и буџет.

На оваа седница на дневен ред беше уште еден закон од интерес на работниците, закон поврзан со надминување на последиците од коронакризата, односно Законот за данок на добивка.

Со предлог измените се предвидува олеснување на начинот за покривање на загуби на товар на идните добивки, се зголемува износот за регрес кој не се даночи со што се создаваат можности за исплата на повисок износ на регрес за годишен одмор за работниците.

Ете колку се грижи ВМРО-ДПМНЕ за работниците, колку се грижи за компаниите, колку се грижи за економијата.

Очигледна е разликата, додека парламентарното мнозинство во секакви околности и на секаков начин работи за граѓаните, опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ на секој начин работи против интересите на граѓаните, на државата, на економијата.

Затоа се казнувани на секои избори во последните четири години, затоа ќе бидат поразени и на следните избори, затоа што не се водат од интересите на граѓаните, туку се водат исклучиво од личните и партиски интереси“, изјави Снежана Калеска Ванчева, пратеничка и координаторка на Форум на жени на СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС седум години не набави ниту едно возило за гаснење на пожари

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, тој е избор на партиската олигархија на ДПМНЕ

Мицевски: Кандидати на СДС за градоначалници се фатени во непотизам, криминал и корупција, од купување на гласови до вработување на сопруги

Шукова: ВМРО-ДПМНЕ ја урна куповната моќ – граѓаните се борат за еден оброк, власта се луксузира

ЗНАМ: СДСМ се во длабока криза и прашање е нивниот опстанок после локалните избори

СДСМ: Максим Димитриевски измеќари кај Мицкоски за да се спаси од прогон