Мицевски: Ќе поднесеме кривична пријава против заразените пратеници кои гласаа во Собранието

Од:

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за двајцата пратеници од владејачкото мнозинство кои заразени со Ковид-19, гласаа во законодавниот дом.

Координаторот на пратеничката група, Никола Мицевски оцени дека тоа е спротивно на сите законски норми и по ниту една цена не е оправдано.

„Во текот на утрешниот ден, Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство. На потег ќе биде правосудството кое ќе треба да се оттргне од очигледните политички стеги во рамките на коишто функционира според сите меѓународни извештаи“, рече Мицевски.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека на овој начин е даден пример оти политичарите се над законите, а притоа во ризик биле ставени сите вработени во Собранието, присутните претставници на медиумите како и пратениците.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

Милошоски: Измени на Кривичниот законик за намалување на ризиците поврзани со членството во СЕПА

(ВИДЕО) Опозицијата го критикува вториот ребаланс на Буџетот: Висок дефицит и намалени капитални инвестиции

Законот за јавни набавки повторно во Собранието, поднесени 2.158 амандмани

Катерина Ѓуровски

За измените на Законот за јавни набавки поднесени 2.158 амандмани, ВМРО-ДПМНЕ бара бришење на членот оспорен од претседателката Сиљановска Давкова

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска