Во САД прва доза од вакцина против Ковид-19 примиле над 50 отсто од населението

Од:

Нешто повеќе од половина од возрасната популација во САД до вчера примила барем една доза од вакцина против Ковид-19, додека речиси третина од населението добило по две дози, покажуваат податоците на Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

САД започнаа да ја вакцинираат популацијата пред четири месеци, а до вчера, првата доза беше дадена на 50,4 проценти од возрасната популација.

Во ризичната група на лица постари од 65 години, 81 процент од нив ја примиле првата доза, а околу две третини се целосно вакцинирани.

Во моментов, според Белата куќа, се дистрибуираат повеќе од три милиони дози дневно во САД, а вкупно се поделени 210 милиони дози.

САД најмногу користат вакцини „Модерна“ и „Фајзер“, додека вакцинирањето со „Џонсон и Џонсон“ неодамна е прекинато, по шест случаи на церебрална венска тромбоза.

Според стапката на вакцинација, со 61.6 дози администрирани на 100 лица, САД во моментов заостанува зад Израел, кој води меѓу земјите со најмалку пет милиони луѓе со стапка од 119,2. САД, исто така, ги следат Обединетите Арапски Емирати, Чиле и Велика Британија, кои вакцинираат со стапка од 62 дози на 100 луѓе, според истражувачкиот сајт Our World in Data.

Би можело да ве интересира

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски

Торнадото во Оклахома однесе најмалку два животи, четворица повредени

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

(ВИДЕО) Пропалестинските протести се шират на американските универзитети, десетици уапсени