Пратеничката Бисера Костадиновска – Стојчевска, позитивна на Ковид – 19, во скафандер пристигна во Собранието

Од:

Пристигнувам во Собранието, со целосна заштитна Ковид-19 опрема, за да учествувам на денешната седница на која ќе ги усвоиме законите кои обезбедуваат финансиска помош за илјадници граѓани и компании, објави на „Фејсбук“ претеничката Бисера Костадиновска – Стојчевска.

Таа вели дека е позитивна на Ковид – 19, но дека добро се чувствува.

„Нема да дозволиме уцени! Мојата должност како пратеничка е постојана и благородна. И здрава и болна, имам обврска да направам сѐ граѓаните да ја добијат помошта која Владата ја обезбеди за нив. А, ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата можат и понатаму да прават сѐ што намериле против народот – но џабе им е, денес ќе ја завршиме работата“, смета пратеничката Костадиновска – Стојчевска.

Пратеничката група на СДСМ вчера соопшти дека имаат тројца пратеници позитивни на Ковид – 19, но најавија дека на денешната седница ќе обезбедат кворум и ако е потребно заболените ќе дојдат во скафандери.

Седницата на која треба да се изгласа петтиот пакет економски мерки треба да почне во 14.15 часот.

Би можело да ве интересира

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он