Поднесена жалба за куќниот притвор за Рашковски, обвинителката Трајчева бара ефективен притвор

Од:

Обвинителката Ивана Трајчева поднесе жалба на одлуката куќен притвор за ексгенераланиот секретар на Влада Драги Рашковски и за сопственикот на компанијата „Инвока“ Даниел Станчев, осомничени за набавка на сообраќаен софтвер со која направиле штета од околу 180.000 евра. Таа бара мерката куќен притвор да биде заменет со ефективен притвор.

Основниот кривичен суд вчера им одреди мерка куќен притвор на Рашковски и на Станчев со образложение дека обвинителот не приложил докази дека се имотни и може да избегаат.

Обвинителката Трајчева ја најави жалбата веднаш по ваквата одлука.

„Можам веднаш да ви кажам дека ќе следи жалба на одлуката за куќен притвор од причина што ценам дека обвинителството даде доволно докази да ги докаже околностите поради кои бараше да биде определена мерка притвор, а не куќен притвор. Со мерката куќен притвор сметаме дека и понатаму ќе постои опасност од влијание врз сведоците и останатите материјални докази кои допрва ќе треба да бидат прибавувани и сослушани во текот на постапката“, рече вчера обвинителката Трајчева.

 

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара притвор за осум и мерки за претпазливост за четири лица уапсени во рамките на истражната постапка за проневера на над 180 милиони денари во ФФМ

Предраг Петровиќ

Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје

Предраг Петровиќ

Притвор за четворица турски државјани кои нападнаа доставувач во Скопје

Определен притвор од 30 дена за возачот на камион кој удри во патничко возило и усмрти четворица

Предраг Петровиќ

Притвор за скопјанецот кој со шлаканици, клоци и со мобилниот телефон ја тепаше екс партнерката

А1он

Притворен е 58 годишен скопјанец – обљуби 13 годишно девојче

А1он