ВИДЕО: Го тужат „Фокс њуз ченел” бидејќи во живо го прикажале самоубиството на татко им

Од:

Тројца малолетници поднесоа тужба против ТВ каналот „Фокс њуз ченел” бидејќи во програма во живо е прикажано самоубиството на нивниот татко по полициска потера.

Децата на триесет и двегодишниот Џо Дон Ромер на возраст од 9, 13 и 15 години во тужбеното барање пред судот во Феникс, Аризона наведуваат дека се вознемирени од видео снимката од трагичниот настан, која е поставена и на интернет.

Средношколецот Џо Дон јуниор и неговиот две години помлад брат Френк навеле дека по гледањето на снимката не биле во состојба да ја посетуваат наставата во училиштето и велат дека имаа проблеми со сонот и вознемирувачки мисли.

Новинари на “Фокс” од хеликоптер директно известувале за потерата на полицијата од Феникс по автомобилот кој што го украл Џо Дон Ромеро.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Гејтс донираше огромна сума пари за Камала Харис, истото го направија и други американски милијардери

Горан Наумовски

ВИДЕО: Масакр кај Сиетл,15-годишник уби петмина

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Се урна хеликоптер, неколкумина загинати, меѓу кои и дете

А1он

САД се загрижени се можното присуство на севернокорејски војници во Украина

Несреќа во САД: Се урна пристаниште, најмалку седум загинати

САД се заканија, а Нетанјаху ги зголеми испораките на хуманитарна помош во Газа