Пратеничката на СДСМ со микрофонот: Не се бркавме, јас бев физички нападната од Мицевски

Од:

Пратеничката Даниела Маркоска од СДСМ смета дека нејзиното вчерашно шетање низ собраниската сала додека пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, се обидуваше и зборуваше на уво, во обид да добие збор, не било бркање за микрофонот. Таа обвинува дека била физички и вербално нападната. Таа ја обвинува опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека е агресивна партија.

„Не, пратениците не се бркаа за микрофонот. Не! Јас бев нападната физички и вербално со цел да ми се одземе правото на збор и со цел ВМРО-ДПМНЕ да спречи граѓаните да ја добијат економската помош од државата! Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Мицевски дејствуваше агресивно за граѓаните да не добијат економски мерки и за да ми го одземе правото на збор. Притоа Мицевски ме вознемири!  Ова е класично вонземирување од позиција на лажна опозициска моќ. Но во ова нивно однесување се крие нивната немоќ! Агресивноста на ДПМНЕ повторно ќе биде казнета од народот!“, напиша Маркоска.

Инаку, собранискиот спикер Талат Џафери повика обезбедување поради однесувањето на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски. До ова дојде откако Мицевски отиде на местото каде што седи пратеничката Даниела Марковска од СДСМ и ѝ говореше на уво, поради тоа што Талат Џафери не му даде процедурално обраќање. За да не ѝ го земе микрофонот, пратеничката Марковска со него шеташе низ салата.

Би можело да ве интересира

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба