Авганистан ги прекина преговорите со САД за договорот за безбедноста

Од:

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи одлучи да ги прекине преговорите за безбедносната спогодба со САД, обвинувајќи го Вашингтон за недоследност во мировниот процес со талибанците, соопшти неговиот портпарол, цитиран од британските медиуми.

На специјална владина седница претседателот одлучи да ги прекине преговорите со САД заради нивните недоследни изјави и дејствија во однос на мировниот процес, изјави портпаролот Ајмал Фајзи, цитиран од британските медиуми.

Преговорите за билатералната спогодба за безбедност((BSA Bilateral Security Agrreement) почнаа на почетокот на годината и ако биде склучена, таа ќе го дефинира американското воено присуство во Авганистан во следните години.

Талибанците вчера отворија свое политичко претставништво во катарската престолнина Доха и соопштија дека се подготвени за мировни преговори и дека сакаат да ги искористат сите легални средства за ја прекинат окупацијата на Авганистан, потсетуваат американските медиуми.

Претседателот Обама изјави дека ова е „важен прв чекор кон помирувањето“ меѓу бунтовниците и владата, а извори од неговата администрација соопштија дека претставници на САД и талибанците ќе оддржат двострани средби во следните денови.

Веста претставува пресвртна точка за американските сили во Авганистан, каде претходно вчера авганистанските сили и официјално ја презедоа грижата за безбедноста во целата земја од коалициските сили, предводени од НАТО.

Би можело да ве интересира

Русија: Нема да се спасите, нуклеарна војна не смее да се случи бидејќи нема да има победници

Горан Наумовски

Паника во Америка: Изборните службеници добиле сомнителни пакети, случајот го истражува ФБИ

Хутите соборија уште еден американски дрон MQ-9 Reaper, десетти од почетокот на војната во Газа

ВИДЕО: Го натераа Џо Бајден да стави капа „Трамп 2024“

САД поддржуваат две постојани места за африканските земји во Советот за безбедност на ОН

Ураганот Френсис ја погоди Луизијана, без струјата се повеќе од 200.000 потрошувачи