Најмалку 120 луѓе загинале во поплави и лизгање на земјиштето, кои по монсунските дождови ги погодија северните делови на Индија, соопштија денеска официјални претставници, додавајќи дека воени хеликоптери снабдуваат со храна илјадници блокирани луѓе.
Од поплавите уништени се илјадници куќи, а спасувачките екипи се обидуваат со хеликоптери да го евакуираат населението и да го снабдат со храна.
Индискиот министер за вонредни ситуации Џаспал Арја изјави дека војската се обидува да спаси и илјадници туристи кои останале заробени во долините и по храмовите. Според него, еден храм е целосно уништен и околу 10.000 туристи се отсечени од светот.
Властите ги откажаа планираните посети на верниците, стравувајќи од нови врнежи и лизгања на земјиштето.