Мицкоски: Вукотиќ купил фирма во Бугарија од луѓе блиски до Заев

Од:

Опозицискиот лидер Мицкоски при презентирањето на документите за новата афера што ја нарече „Мафија 2“ информираше и дека водачот на шкаљарскиот клан Јован Вукотиќ, со идентитет Ѓорѓи Андонов, минатата година купил компанија во Бугарија која била поврзана со лица блиски до Заеви.

„Во 2020 години Вукотиќ, односно Андонов, купил компанија од  бугарски државјанин, но жител на Струмица, со презиме Јотов, кој, пак, беше дел од аферата ‘200 килограми марихуана’, кој бил возач на Трајче Заев. Спасовски и Заев и нивните блиски соработници, не се обвинети за злосторничко здружување и покрај отворањето на овие скандали, што јасно кажува дека институциите се исплашени од власта“, рече Мицкоски.

Мицкоски додаде дека Вукотиќ пред судот во Белград јавно кажал дека уредно добил македонска патна исправа без никаков проблем, каде што бил фатен со фалсификуваната исправа и за неа одлежал 15 месеци затвор. Мицкоски цитираше дел од неговиот исказ:

„Јас оваа патна исправа ја добив по законски пат во Македонија. Си отидов, си оставив отпечаток на прст, се сликав, сè по процедурата. Единствено за што можам да кажам е дека името на мојата слика не е Јован Вукотиќ“, рече Мицкоски објаснувајќи како Вукотиќ добил документ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Оваа Влада испорачува и го прави тоа што го зборува, стратешкото партнерство со САД е децениско, тие се нашиот најсилен сојузник

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме

Мицкоски: Укинувањето на пресудата за Ласкарци е разочарување, но нема да се откажеме од правдата

Мицкоски: Нема да има енергетски шокови оваа зима

(ВИДЕО) Кузеска: „Нула денари“ или 5,5 милиони евра, СДСМ бара целосна сметка од Мицкоски

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски