Кинеските вакцини ќе стигнат на 28 април, најави Филипче

Од:

По мини пикот на почетокот на неделата, бројките на новодијагностицирани со Ковид-19 се пониски. Вкупнот број новодијагностицирани повторно бележи пад под 900, некаде околу 890. За кратко време ќе излезат и официјалните информации. Тоа сето го гледаме и во болниците во Скопје и ширум државата. Намален е притисокот што се чувствуваше претходно.

Ова денеска го изјави министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека сè уште има приеми и се уште се внимателни, заради тоа што има голема бројка дијагностицирани пациенти на кои може да им затреба болнички третман.

– Денеска салата „Борис Трајковски“ продолжува да работи како четврти пункт за вакцинација во Скопје и сите граѓани кои беа на почетокот пријавени, а се на возраст под 75 години односно 73 и 74 години. На располагање се вакцините на „Спутник“, кои останаат после завршување на вакцинирањето на критичната инфраструктура, дел од вакцините на „Астра зенека“ и донацијата со кинески вакцини од Обединетите Арапски Емирати. Така е направен распоредот, нешто поразвлечен, бидејќи станува збор за постари граѓани, некои од нив доаѓаат со придружба и согласно динамиката како ќе се одвива вакцинацијата ќе се прави распоредот за следните денови, рече Филипче.

Тој рече дека на почетокот на следната недела се очекува да стигнат вакцини од компанијата „Фајзер“. Според најавата, како што појасни, на 19 април ќе стигнат 10 000 вакцини на „Фајзер“, а на 26 април уште 10 000.

– Утрово ја добивме потврдата од Кинеската амбасада дека најавените 200 илјади кинески вакцини треба да ги очекуваме околу 28 април, додаде Филипче.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: ВМРО-ДПМНЕ врши груба злоупотреба на институциите за избори, началници на МВР на партиски на состаноци

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС, по теркот на нивниот гуру Заев, се спремни за ново предавство за спас на кариерите

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Глас за Дејан Глинџарски е глас за Делчево да продолжи да се развива

Горан Наумовски

Филипче: Со чесна и посветена работа Асен Шајн ќе го врати сјајот на Охрид

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да престане да работи за бугарските интереси поради неговите бонбона бизниси, туку да работи за македонските интереси

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче повторно виткаат кичма пред Бугарија