Во клуб-ресторанот во Младинскиот културен центар вечер ќе биде промовирана книгата „Вонредна состојба“ од Гоце Дртковски, објавена од издавачката куќа „Љубовта е петтиот елемент“.
Книгата го анализира посткомунизмот во Македонија, во изминатите 20 години, од историски, политички, социолошки и од културолошки аспект. Авторот се занимава со односите воспоставени во посткомунизмот и темелно ја преиспитува поделбата на моќта и начинот на кој таа се практикува.
Гоце Дртковски работи како новинар, колумнист, автор е на книгите „Затворено општество“ (1994) и „Слободен новинар“ (1998). Од 2003 година е дел од уредништвото на меѓународното списание „Политичка мисла“.