Хамнеи: Ни нудат понижувачки услови во преговорите за нуклеарната програма

Од:

Иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи изјави дека понудите дадени на преговорите за заживување на иранскиот нуклеарен договор „не вреди да се разгледуваат“.

Хамнеи ова го изјави во говорот на првиот ден на Рамазан во Иран. Како врховен лидер, тој го има последниот збор за сите државни прашања, а неговите коментари за преговорите се важни.

– Понудите што ни се даваат обично се арогантни и понижувачки и не вреди да се разгледуваат, рече Хамнеи.

Во Виена се водат преговори за опстанок на меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма потпишан во 2015 година со светските сили, од кој САД се повлекоа во 2018 година.

Изјавата на иранскиот врховен лидер доаѓа еден ден откако Иран објави дека ќе збогати ураниум до 60 проценти, што е досега највисоко ниво, по нападот изминатиот викенд врз неговиот нуклеарен комплекс Натанц, за кого го обвини Израел. Израел не ја презеде одговорноста за нападот.

Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска изјави дека одлуката за збогатување на ураниум до 60 проценти по експлозијата во фабриката во Натанц е ирански „одговор“ на израелскиот „нуклеарен тероризам“.

– Она што го направивте се нарекува нуклеарен тероризам, а она што ние го правиме е легално, рече Рохани на владина седница.

Би можело да ве интересира

Хамнеи: Се води физичка и психолошка војна против Иран и оската на отпорот

Во Иран е прогласена петдневна жалост по убиството на Насрала

Хамнеи ги повика муслиманите „со сите можни средства“ да се спротивстават на Израел

Хамнеи: Одмаздата за убиството на Ханије е должност на Техеран

Горан Наумовски

Хамнеи помилува 53 осуденици на смрт

Хамнеи му порача на Хамас: Нема да војуваме против Израел

Горан Наумовски