Македонија го победи Египет

Од:

Македоснката кошаркарска репрезентација со победа го започна турнирот на Медитеранските Игри во турскиот град Мерсин. Избраниците на селекторот Марјан Србиноски го победија Египет со 74:67 (13:20, 12:8, 11:14, 20:14; 18:11) по петминутното продолжение, откако во основните 40.минути резултатот беше изедначен 56:56.

На своето деби на едно вакво натпреварување, македонските кошаркари не одиграа на посакуваното ниво, а посебно потфрлија во шутот од далечина и во скок-играта.

Бојан Трајковски со 20, Димитар Караџовски со 16 и Александар Костовски со 11 поени беа најефикасни во македонската селекција која се натпреварува во А групата.

Во првиот дуел на Игрите со кој беше отворен кошаркарскиот турнир, во Б групата, Србија ја совлада Италија со 77:64.

Денешната програма ќе биде затворена со вториот натпревар од 1.коло во А групата меѓу Турција и Алжир.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ