Приведен криминалец од Арачиново баран со три централни потерници

Од:

Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги вчера во 15.20 часот на ул.„Бoца Ивановска” во Скопје, го лишиле од слобода Ќ.А.(29) од скопско Арачиново, за кого биле распишани три централни потерници од МВР на Република Северна Македонија.

– Тој бил баран по наредба од Казнено-поправната установа Затвор Скопје, во врска со член 392 од Кривичниот законик за бегство од затвор за доиздржување казна затвор, по наредба на Основно јавно обвинителство за издржување притвор во врска со член 418 од Кривичниот законик, по наредба на Основен кривичен Суд Скопје, во врска со член 297 од Кривичниот законик и еден Централен распис од МВР во врска со член 372 од Кривичниот законик, соопштија денеска од МВР.

Лицето било предадено во Полициската станица Чаир за понатамошна постапка.

Би можело да ве интересира

Одбележан Денот на македонската полиција

Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – еден од напаѓачите полицаец

Пронајдено детето што беше пријавено за исчезнато во Сарај

А1он

Меџити не кажа дали е можен министер за внатрешни работи: Ќе разговараме во наредните денови

А1он

Уапсен триесетгодишник од Стојаково, полицијата му нашла марихуана во домот

А1он

МВР: Неготинец нападнал малолетник во сендвичарница, исчезнал болен маж од Кавадарци

Горан Наумовски