Фитнес клуб во Скопје работел и покрај забраната

Од:

Полициски службеници од ЕВР Карпош – СВР Скопје извршиле контрола во фитнес клуб на Партизанска, при што било констатирано дека објектот работи и внатре биле затекнати сопственикот уште шест лица, информира Министерството за внатрешни работи.

– На 13.04.2021, по претходна пријава, полициски службеници од ЕВР Карпош – СВР Скопје извршиле контрола во фитнес клуб на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, при што било констатирано дека објектот работи и внатре биле затекнати сопственикот Ф.Б.(35) од Скопје и уште шест лица, соопштува МВР.

За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари