Лука Павичевиќ го објави списокот на кошаркари кои ќе ги започнат подготовките за Европското првенство кое се игра во септември во Словенија.
Инаку Црногорците ќе играат во истата група со нашата селекција заедно со Летонија, Литванија, Србија и БиХ.
– Пековиќ е слободен агент во НБА лигата, а тоа значи дека од 2 јули кога се отвара преодниот рок во САД, тој ќе го чека расплетот за да дознае во која екипа ќе настапува наредната сезона. Сигурно нема да можеме да сметаме на него за почетокот на подготовките, а во тој момент кога ќе се договори и ќе ни се приклучи. Тој сака да игра за Црна Гора на ова ЕП- истакнал селекторот Павичевиќ.
Во составот на Црногорците е и Никола Вучевиќ од Орландо Меџиќ, а на списокот фигурира и Борис Бакиќ кошаркарот на нашиот шампион МЗТ Скопје.
На списокот се: Никола Ивановиќ, Никола Павличевиќ, Борис Бакиќ, Тејлор Рошести, Суад Сеховиќ, Бојан Бакиќ, Владимир Михаиловиќ, Алекса Поповиќ, Сеад Сеховиќ, Марко Поповиќ, Владимир Дашиќ, Милко Блејица, Немања Радовиќ, Марко Тодоровиќ, Радослав Спасојевиќ, Никола Пековиќ, Никола Вучевиќ, Благота Секулуќ, Бојан Дубљевиќ, Милош Коматина и Филип Баровиќ.