Клејбанова се излечи од ракот но не доби покана за Вимблдон

Од:

По една година борба со ракот на тироидната жлезда, руската тенисерка Алиса Клејбанова се врати на теренот, но организаторите на претстојниот Гренд Слем турнир – Вимблдон, не и доделија специјална покана за натпреварување на Отвореното првенство на Англија, на кое задоцнила да се пријави.

Клејбанова по триумфот на Фјучрс турнирот во Пенсилванија сакала да се натпреварува и на терените на Ол Ингланд клубот, но до место во жребката се обидела да дојде преку специјален ранкинг. Тоа сепак не и успеало.

„Тоа е живото. Едноставно, ќе морам да играм најдобро што знаам, да победувам и да се надевам дека ќе се вратам на врвот“, рече Клејбанова, која доби огромна поддршка од нејзините колешки.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ