САД: Спречивме терористички напади

Од:

Благодарение на мерките за преслушкување, американските власти спречија десетина терористички напади, сметаат членовите на Конгресот во САД.

На основа на информациите кои што ги објави владата на САД, откако во медиумите се појавија детали за програми за преслушкување, членовите на Конгресот се уверени дека тоа резултираше со спречување на напади во њујоршкото метро-истакна Мајк Роџерс.

Тој нагласи дека пратениците се малку нервозни поради можните идни чекори на Едвард Сноуден, поранешен вработен во фирма, која што работеше за Националната безбедносна служба. Сноуден информациите за преслушкување им ги проследи на медиумите.

Роџерс изјави дека очекува владата на Вашингтон да ја отстрани ознаката за доверливо и од други информации.

Претседателот на САД, Барак Обама силно застана во одбрана на програмата за надзор, наведувајќи дека таа била транспарентна.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Гејтс донираше огромна сума пари за Камала Харис, истото го направија и други американски милијардери

Горан Наумовски

ВИДЕО: Масакр кај Сиетл,15-годишник уби петмина

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Се урна хеликоптер, неколкумина загинати, меѓу кои и дете

А1он

САД се загрижени се можното присуство на севернокорејски војници во Украина

Несреќа во САД: Се урна пристаниште, најмалку седум загинати

САД се заканија, а Нетанјаху ги зголеми испораките на хуманитарна помош во Газа