Стоун, Траволта и Тоту главни гости на Меѓународниот филмски фестивал во Карлови Вари

Од:

На 48. Меѓународен филмски фестивал во чешкиот град Карлови Вари, кој ќе се одржи од 28 јуни до 6 јули, покрај американскиот режисер Оливер Стоун се најавени и актерите Џон Траволта и Одри Тоту, јави дописникот на МИА од Прага.


– Траволта, кој е двапати номиниран за Оскар и Златен глобус, ќе биде награден за извонреден придонес во светската киноматографија, изјави на прес-конференеција во Прага, претседателот на Фестивалот, Јиржи Бартошка.


При тоа, американскиот актер ќе го претстави филмот „Сезона на убивање“, во кој глумеше со Роберт Де Ниро, исто така добитник на оваа награда во 2008 година.


Годинешниот Фестивал ќе биде во знак на францускиот филм „Пена на денот“ и режисерот Мишел Гондру и атрактивната носителка на главната улога, Одри Тату.


Тату стана позната како Амелија од Монмартр, француски филм кој во 2001 година победи токму во Карлови Вари и го започна патот по светските кино сали и меѓународни натпревари.


Меѓу гостите ќе биде италијанскиот режисер Паоло Сорентино и италијанско-грчката актерка Валерија Голино, позната по филмот „Дождовен човек“, добитник на четири Оскари. Сорентино со филмот „Големата убавина“ ќе се натпреварува во секцијата „Хоризонти“, а на Стоун ќе му биде врачена наградата „Кристален глобус“.

Би можело да ве интересира

Љутков: Свесен сум дека не ги дадовме платите пред Велигден, но конечно го решивме проблемот

СОНК: Да не се потпишуваат новите решенија за плати во културата

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи