Алијанса и Алтернатива најавија повлекување на амандманите, одблокиран петтиот пакет економски мерки

Од:

Од Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива најавија повлекување на илјадниците амандмани со кои е блокирано донесувањето на петтиот пакет економски мерки во Собранието. Од албанскиот опозициски блок за „А1он“ потврдија дека повлекувањето на амандманите ќе биде или во текот на денот или најдоцна утре. Но, оттаму додаваат дека очекуваат да се донесе Законот за државјанство со консензус, кој пак со амандмани го блокираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Нашиот став за повлекување на амандманите доаѓа откако ВМРО-ДПМНЕ највави дека ќе го деблокира Законот за државјанство. Уште во текот на денот можно е да ги повлечеме околу 3.000 амандмани за петиот пакет економски мерки со што ќе се овозможи помошта да ја добијат најпогодените граѓани од кризата. Но, очекуваме Законот за државјанство да биде донесен со консензус, затоа што како и петтиот пакет економски мерки и тој е во интерес на граѓаните“, информираат од Алијанса за Албанците и Алтернатива.

Поради блокадата на Собранието повеќе од 16.000 работници погодени од пандемијата не можат да ги земат февруарската и мартовската плата, а заглавена е и помошта за стопанствениците како дел од пакетот анти-кризни мерки.

Што се однесува до Законот за државјанство, допрва ќе се разговара дали предложениот закон ќе претрпи измени преку амандмани или ќе има догвор со власта за изговување на ново законско решение за државјанствата.

Деталите ќе се знаат по најавената средба во петок помеѓу премиерот Зоран Заев и лидерите на Алијанса за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски