Окоњо Ивеала: Работите во СТО ќе ги променам од темел, приоритет пандемијата

Од:

Членовите на Светската трговска организација (СТО) покажуваат зголемен прагматизам во врска со проширувањето на производството на вакцини против Ковид-19 со суспендирање на правата на интелектуална сопственост, рече лидерката на СТО, Нгози Окоњо Ивеала, пред новата рунда разговори.

Поранешната нигериска министерка рече дека од темел ќе ги промени работите во СТО, нагласувајќи дека нејзиниот главен приоритет ќе биде решавање на проблемите околу пандемијата на Ковид-19.

Производителите на вакцини од САД, Кина и Русија, министри од богатите и земјите во развој и банкарски службеници утре ќе разговараат за ограничувањата на извозот на вакцини, зголеменото производство и суспензијата на правата на интелектуална сопственост на лекови и вакцини против Ковид-19.

„Нееднаквоста во однос на прашањето со вакцините боде очи. Јас сум прагматична личност и ме боли што луѓето умираат затоа што немаат пристап до вакцини. Имаме технологија што може да спаси животи и сакам да работам и да најдам решенија што навистина ќе ги променат работите“, рече Окоњо Ивеала.

Можните практични решенија вклучуваат пренамена на фабриките за производство на вакцини за животни и активирање на неискористените капацитети во земји како Бангладеш, Тајланд и Сенегал, со поддршка на меѓународни финансиски институции како што се Европската инвестициска банка и Меѓународната финансиска корпорација, членки на Светска банка.

Би можело да ве интересира

Русија, засега, не се повлекува од СЗО, СТО и ММФ

Ана Ололовска

Русија планира да ги напушти Светската здравствена и Светската трговска организација

ЕУ ја тужи Британија пред СТО поради зелените субвенции

Ана Ололовска

СТО го одложи министерскиот состанок поради новиот „омикрон“ сој на коронавирусот

Ана Ололовска

Шефицата на СТО ги повика земјите да ги укинат трговските бариери кои ги воведоа во пандемијата

Жарко Настоски

Окоњо-Ивеала ја презеде должноста генералнa директорка на СТО

Ана Ололовска