Кривична пријава за кражба во Струмичко, парите вратени на оштетениот

Од:

Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против З.Г.(44) од село Старо Коњарево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“.

Како што информираа денеска од МВР, на 29.03.2021 пријавената отишла во куќата на Л.А. во село Старо Коњарево и му одзела чанта со пари во различни валути.

На 07.04.2021, се посочува во соопштението, полициски службеници ги пронашле парите кои потекнуваат од кражбата, закопани во дворното место од куќата на З.Г., кои по овластување на Јавен обвинител биле вратени на оштетениот.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари