Владата денеска планира ново задолжување. Преку пет одделни аукции на државни записи и обврзници треба да се задолжи за нови 24,3 милиони евра.
Задолжувањето, стандардно, се случува на само еден ден пред раздолжувањето.
Утре доспеваат за враќање 24,4 милиони евра, или само малку повеќе од денешното планирано задолжување. Сепак, ако се следи досегашната пракса, доколку има поголема понуда, владата може да не задолжи и за поголема сума од оваа.
Последното задолжување беше пред две недели кога се задолживме за 62 милиони евра, исто колку што беа вратени следниот ден.