Најмалку 15 луѓе загинаа и 30 се ранети во двоен самоубиствен напад во шиитски молитвен дом во Багдад. Објектот се наоѓа до приватниот универзитет Имам Ас Садик. Најголем број од жртвите се студенти.
Уште две лица загинаа и шест се ранети во напади во Багдад и провинцијата Салах ад Дим, северно од ирачкиот главен град.
Насилствата во Ирак одново зачестија од почетокот на годината, паралелно со сунитските протести против Владата на шиитот Нури ал Малики заради неговата неспособност за управување со државата. Според експерти, причина за зголемениот број напади е и парализата на државните служби со што се дава можност бунтовниците да се активираат.
Над илјада луѓе загинаа во напади во Ирак во минатиот месец, што е највисока цифра од 2008 година.