Во северниот дел на Индија прогласена е епидемија на менингитис. Преносители на вирусот се комарците, јави агенцијата Анадолија.
Од таа болест досега починале 118 деца, а индиските власти наведуваат дека станува збор од најсмротносна епидемија во изминатите неколкугодини. Властите стравуваат дека бројот на жртви би можел да достигне до 1.000.
Децата кои ќе ја преживеаат таа епидемија имаат сериозни проблеми во мозокот така што не се во состојба да комуницираат.
Во епидемијата на менингитис во Индија во 2005 година починаа повеќе од 1.500 луѓе.