Физичка пресметка на жители од кочанската населба Трајаново Трло со група крадци

Од:

Синоќа, еден час по стапувањето во сила на ограничувањето за движење на граѓаните, дошло до физичка пресметка меѓу жители на населбата Трајаново Трло во Кочани и група крадци, при што неколку лица се здобиле со телесни повреди.

Жителите на населбата затекнале малолетник, кој влегол во двор од семејна куќа во обид да изврши кражба и го задржале, по што дошла група повозрасни лица за да го одбрани и настанал инцидент.

Случајот бил пријавен во Полициската станица во Кочани и направен е увид на лице место, а повредените сами побарале лекарска помош.

– Синоќа, два часа по стапувањето во сила на полицискиот час, на Итната медицинска помош во нашата болница се јавиле три лица со телесни повреди, од кои двајца со контузии на главата, а еден со исеченици на лицето и рацете. Укажана им е соодветна медицинска помош, по што се пуштени на домашно лекување, истакна Александар Серафимов, директор на Општата болница со проширена дејност од Кочани.

Од Полициската станица го потврдија случајот на кој сè уште се работи, а официјално известување најавија во текот на денот.

Пред еден месец, жителите од Трајаново Трло организираа мирен протест поради зачестените кражби во домовите, при што побараа од надлежните органи да преземат мерки за нивно спречување и откривање на сторителите.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он