Принцот Алберт од Монако наредните три дена е во официјална посета на Црна Гора, во текот на која ќе се сретне со највисоките црногорски официјални лица.
Како што е наведено претседателот на Црна Гора, Филип Вујановиќ во четврток ќе го прими принцот Алберт, во резиденцијата на Цетиње.
Во текот на посетата во Црна Гора, принцот ќе се сретне и со премиерот Мило Ѓукановиќ и претседателот на црногорското собрание, Ранко Кривокапиќ.
Најавено е дека принцот Алберт ќе ги посети Тиват, Котор и Националниот парк Дурмитор.
Елена Георгиевска