Ковакс планира да испорача третина од најавените вакцини до средина на годинава

Од:

Меѓународната програма за вакцини „Ковакс“ има за цел да испорача третина од милијарда дози вакцини против Ковид-19 до средината на годината. Ова го најави на форумот на Светска банка, Сет Беркли, директор на ГАВИ.

Програмата испорача скоро 38,4 милиони дози вакцини во 102 држави на шест континенти, шест недели откако почна да издава залихи.

Говорејќи на истиот форум, Нгози Оконџо-Ивеала, генерален директор на Светската трговска организација, нагласи дека земјите во развој кои извезуваат стоки се соочуваат со голем скок на цените, а туризмот пропаднал во пандемијата.

На светот му треба финансиска рамка за подготвеност и одговор на итни случаи и мора да ги држи отворени синџирите на снабдување за подобро да ги заштитиме економските системи, наведе таа.

Би можело да ве интересира

КОВАКС бара 5,2 милијарди долари за продолжување на програмата

А1он

СЗО: Децата се во мал ризик, споделете ги вакцините преку КОВАКС

А1он

СЗО: Испораката на вакцини преку Ковакс механизмот да биде приоритет

А1он

110.612 вакцини Фајзер преку Ковакс-механизмот пристигнуваат денеска

Катерина Ѓуровски

Ковакс ќе добие 110 милиони дози кинески вакцини против коронавирус

Индија не испорачува, ковакс-механизмот ќе има огромен недостиг од вакцини во следните два месеци