Претрес во Крушопек, приведено едно лице за недозволено поседување оружје

Од:

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, вчера околу 8 часот, го лишиле од слобода 26-годишниот М.С. од село Крушопек, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи”, известува Министерството за внатрешни работи.

– Имено, во периодот од 06.00 до 08.00 часот, по добиена наредба од Основниот кривичен суд Скопје, извршен е претрес во домот на М.С. од село Крушопек. При претресот во домот се пронајдени пиштол и куршум, кои ги поседувал без дозвола, велат од МВР.

Лицето е приведено, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он