Египет противник на македонските кошаркари во 1.коло од Медитеранските игри

Од:

Македонската кошаркарска репрезентација денеска ќе игра против Египет на турнирот од 17-те Медитерански игри чиј домаќин е турскиот град Мерсин.

Селекторот на оваа селекција Марјан Србиновски по одработените двонеделни подготовки во Скопје го финализираше составот од 12 кошаркари кои заминаа да ја претставуваат нашата земја на дебитантскиот настап на едно вакво натпреварување.

Во составот на Македонија се наоѓаат: Александар Костоски, Дарко Соколов, Марко Симоновски, Бојан Трајковски, Владимир Брчков, Кристијан Николов, Стојан Ѓуроски, Бојан Крстевски, Горјан Марковски, Александар Штерјов, Димитар Караџовски и Синиша Аврамовски.

Другите два натпревара од групната фаза, против Алжир и домаќинот Турција, македонската репрезентација ќе ги одигра утре и в петок.

Покрај овие репрезентации кои се дел од групата А, на турнирот настапуваат и селекциите на Србија, Тунис и Италија.

Првопласираните две репрезентации од двете групи обезбедуваат пласман во полуфиналето.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ