Лазаровски: СДСМ губи контакт со реалноста

Од:

„Лицемерно и безобразно е СДСМ да говори за минималната плата. СДСМ цели 15 години беше на власт и не донесе закон за минимална плата. Кога работниците преку синдикатите бараа по 6 000 денари загарантирана плата, владата на СДСМ ги одби. Дури и ги навредуваше, нивниот министер Стевчо Јакимовски изјавуваше дека се заштитени како “мечки од планина”, одговори ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на СДСМ .

„За разлика од ова владата на ВМРО-ДПМНЕ донесе закон за минимална плата во висина од 8 050 денари.Што се однесува до текстилните фабрики, тука Црвенковски е вистински рекордер. Тој во времето на неговата приватизација ги уништи буквално сите поголеми текстилни фабрики.Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за намалување и на повеќе други даноци со што ја олесни и подобри деловната клима за повеќе текстилни фирми и други претпријатија. Следниот пат кога СДСМ ќе излезат на прес конференција добро нека ги проверат фактите и податоците и нека не зборат на памет. Очигледно е дека СДСМ забегува“, рече Сашо Лазаровски.

 

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги штити Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Љупчо Коцевски

Ѓорѓиевски: Скопје е град на слоеви – град на историја, уметност и визии

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ крадеше, правеше предавства и ги уништуваше институциите

СДСМ: Скопје се гуши поради неспособноста на власта и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО–ДПМНЕ вечерва објави 16 кандидати за градоначалници

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Дали службите за безбедност под водство на кадри на СДС го следеле и прислушкувале Мицкоски со знаење на Коцевски?