Анкета: Пад на рејтингот на Обама под 50 проценти

Од:

Довербата на американскиот претседател Барак Обама падна под 50 проценти, што е негов најнизок рејтинг во изминатите година и половина, покажува истражувањето на Си-Ен-Ен.

Работењето на Барак Обама го поддржуваат 45 проценти од граѓаните, што е за осум отсто помалку во однос на минатиот месец, се наведува во извештајот.

Падот на довербата се должи на зголемениот број критки со кои се соочува Белата куќа по откривањето на скандалот со програмата за следење на интернет комуникациите и аферата со однесувањето на даночните власти кон конзервативните невладини организации.

Си-Ен-Ен наведува дека околу 54 проценти од Американците не го одобруваат начинот на кој Обама ја извршува претседателската функција, што е за првпат од 2011 година мнозинството граѓани да имаат негативен став кон претседателот на САД.

Пад на популарноста најдобро се гледа кај младите Американци, кои имаат под 30 години, каде во изминатите неколкумесеци е забележан пад од 17 отсто на бројот на симпатизери на Обама. Исто така, забележан е пад на бројот на поддржувачи меѓу црнците, изјави директорката на истражувањето Китинг Холанд.

Би можело да ве интересира

Гејтс донираше огромна сума пари за Камала Харис, истото го направија и други американски милијардери

Горан Наумовски

ВИДЕО: Масакр кај Сиетл,15-годишник уби петмина

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Се урна хеликоптер, неколкумина загинати, меѓу кои и дете

А1он

САД се загрижени се можното присуство на севернокорејски војници во Украина

Несреќа во САД: Се урна пристаниште, најмалку седум загинати

САД се заканија, а Нетанјаху ги зголеми испораките на хуманитарна помош во Газа