Сообраќајот се одвива непречено, по суви и чисти коловози

Од:

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по суви и чисти коловози.

На патниот правец Гостивар – Маврово во близина на Ново Село, поради реконструкција на мост, сообраќајот се одвива регулирано со семафори и наизменично по една коловозна лента.

На патниот правец Прилеп – Градско (Р106), 1 километар пред тунел Фариш, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента во должина од 200 метри. Поставена е соодветна светлосна сигнализација за регулирање на сообраќајот.

На регионалниот пат Кочани – Штип, поточно на делницата од село Чардаклија до Штипска петља се изведуваат градежни работи, но нема застој на сообраќајот.

Поради оштетување на коловозот на патен правец Р-409 Маврово – Дебар во близина на Бошков мост сообраќајот се одвива во две ленти преку бајпас (додека траат санациите на оштетената коловозна лента).

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.

На сила е забраната за движење на тешки товарни возила на подрачјето на Град Скопје. Забраната важи во временски период од 10 до 20 часот и ќе трае се до 01.09.2013 година.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата. Напомена дека оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

АМСМ УСЛУГИ – Служба за помош и информации на пат (02) 15 555

 

Би можело да ве интересира

ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

A1on

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска