Кина на смрт осуди двајца поранешни функционери Ујгури од Синџијанг за сепаратизам

Од:

Кина на смрт осуди двајца поранешни ујгурски функционери во северозападниот регион Синџијанг под обвинение за сепаратизам и примање поткуп.

Пресудите им биле донесени доцна синоќа, а извршувањето е одложено за две години. Според кинеската пенолошка пракса, ваквите казни по две години вообичаено се заменуваат со доживотен затвор, доколку осудените лица во меѓувреме добро се однесувале.

Осудениот поранешен функционер во локалното образование, Сатар Савут, и поранешниот правен советник, Ширзат Будвин, се најновите бирократи од Синџијанг, припадници на муслиманското малцинство Ујгури, кои се осудени под обвинение за загрозување на националната безбедност.

Пекинг тоа го нарекува кампања против „лицемерните службеници“, кои се обидуваат одвнатре да ја поткопаат кинеската Влада.

-И двајцата се изјаснија за виновни и нема да поднесат жалба, изјави Ванг Лангтао, потпретседател на Високиот суд на народот Синџијанг.

Случаите за национална безбедност се разгледуваат зад затворени врати.

Сатар Савут е приведен од 2018 година, а не е познато кога Ширзат Бавудун бил затворен.

Би можело да ве интересира

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Кина жестоко го критикуваше Израел, но не ги спомна иранските напади

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди регионот на Синџан во Кина