Собранието ќе одржи две седници

Од:

Собранието денеска треба да ја продолжи 30-тата седница на чиј дневен ред се повеќе предлог-закони по скратена постапка, меѓу кои законите за употреба на знаковниот јазик, за заштита од вознемирување на работното место, за практиканство, за волонтерство, како и за исплата на пензии и пензиски надоместоци од капитално финансирано пензиско осигурување. Со европско знаменце, на дневен ред е и Предлог-законот за измена и дополнување на Законот за квалитетот на амбиенталниот воздух, во прво читање.

На 30-тата собраниска седница се и неколку предлог-закони во прво читање, меѓу кои за изменување на законите за спречување на насилство на спортски натпревари, за земјоделско земјиште, за планиниски патеки, за заштита од бучава и за животна средина.

Собраниската прес-служба најави дека Собранието денеска ќе ја одржи и 32-та седница со расправа за Предлог-законот за дополнување на Законот за јавните набавки, како и Предлог-закон за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, дватапо скратена постапка во второ читање.

На дневен ред на 32. седница се и неколку предлог-закони во прво читање, меѓу кои законите за чек, за давање финансиски услуги на далечина, за лековите и медицинските средства, за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица и други.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски

Собранието ќе расправа за законските измани за укинување на техничката влада

Поништени огласите за членови на Судскиот совет од редот на Собранието и за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Собранието одлучи: Нафтената кризна состојба се продолжува до 20 јули