Димовски: СДСМ призна дека власта ги исполнува ветувањата

Од:

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на тврдењта на Андреј Петров дека „Работното лето“ ја активирала и власта да ги релаизира своите проекти ветени на минатите избори.

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски изјави дека Андреј Петров признал дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги реализирала сите ветувања и проекти.

„За прв пат СДСМ призна дека во Република Македонија се делат субвенции на земјоделците како никогаш досега. Призна дека се инвестира во инфраструктура, патишта, школи, енергетика.

Нема поголемо задоволство за нас од тоа да го чуеме нивното признание за спроведување на нашите над 2000 проекти.

Очигледно станува дека СДСМ ги бидува за зборување, за празни говори и митингашки пароли. А ние ќе си останеме посветени на тоа што најдобро го знаеме да си ја работиме работата, да си ги реазлириаме ветувањата, да си ги спроведуваме проектите.

Г-дин. Петров денес не зборуваше за проекти од времето на СДСМ, зошто такви и нема. Тој не зборуваше зошто СДСМ не делеше субвенции на земјоделците, туку зборува за 130 милиони евра кои земјоделците ќе ги добијаат само оваа година. Тој не зборуваше за реконструирани болници и училишта во нивно време зошто такви нема, ниту за локални и регионални патишта изградени и реконструирани во нивно време зошто и такви нема.

Но тие нека продолжат да зборуваат, ние ќе продолжиме да си работиме. Нивните празни муабети и празни говори наспроти нашите проекти и исполнети ветувања. Не ќе продолжиме да набавуваме опрема за болниците, ќе продолжиме да ги реконструираме, ќе продолжиме да делиме бесплатни учебници за учениците, ќе продолжиме со намалените партиципации за студентите, ќе продолжиме со делење на субвенциите…

За жал г-Андреј Петров почнува да наликува на Бранко Црвенковски. Ја губи реалноста. Не гази по земја. Почнува да се фали со проекти кои што не се направени од СДСМ.

Ги потценува граѓаните со тоа што не ја говори вистината. Бранко се фали дека ја гасифицирал Крива Паланка, а неговиот кандидат за градоначалник ветува дека допрва ќе ја гасифицира. Се фалат дека ќе имаат работно лето, а човек не може да ги собере од грчките плажи.

Во политиката г-дине Петров мора да има морал и стандарди. Вашата желба за власт не е оправдување за арогантното однесување, за извртување на вистината и за потценување на граѓаните“, рече Димовски..

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста имаше можност да ја види целата мизерија на СДС и Левица

Горан Наумовски

Лозановска: Трагата од претходната влада е загаден воздух, седум години крадење и празни ветувања

Мицевски: Изразувам огромна згрозеност од недоличното, безобразно и срамно однесување на претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев

Горан Наумовски