Рикер и Груевски разговарале за евроатланската и европската интеграција на Македонија

Од:

Билатералната соработка, како и евроатланската и европската интеграција на Република Македонија, бил теми на кои денеска во Владата на Република Македонија разговараа премиерот Никола Груевски со Филип Рикер, заменик помошник на државниот секретар на САД задолжен за европски и евроазиски прашања.

Како што се наведува во соопштението од владината прес-служба, Груевски и Рикер искажале задоволство од континуираното унапредување на пријателските односи и интензивната соработка меѓу двете држави на секое ниво од взаемен интерес.

Во однос на евроатланската интеграција на Република Македонија, биле истакнати чекорите кои се преземаат во повеќе сфери за унапредување на процесите и стандардите, со осврт на унапредување на политичкиот дијалог во земјата.

Беше истакната посветеноста и одговорниот пристап за надминување на предизвиците на надворешно-политички план, стои во соопштението, а станало збор и за регионални прашања.

– Соговорниците разменија мислења и за регионалните случувања, настани, предизвици и перспективи и оценија дека сите субјекти во регионот треба да дејствуваат во интерес на засилување на регионалната соработка и обезбедување на стабилизација, напредок и развој на Југоисточна Европа, се наведува во соопштението.

Рикер денеска се сретна и со претседателот на државата Ѓорге Иванов. Попладне тој треба да се сретне со лидерот на опозициската СДСМ Зоран Заев. Вчера, пак, тој разговараше со Теута Арифи градоначалник на Тетово и член на раководството на ДУИ.

Посетата на заменик помошникот на државниот секретар на САД задолжен за европски и евроазиски прашања Рикер на Македонија е по повод конференција на Јадранската група, која треба да се одржи утре во Скопје.

Би можело да ве интересира

Макрон одлучи: Себастијан Лекорну е нов премиер на Франција

Горан Наумовски

Собранието на Република Српска гласа за новата влада, премиер e Саво Миниќ

Горан Наумовски

Јужна Кореја: Поранешниот премиер обвинет за поттикнување воена состојба

Премиерот на Романија поднесе оставка

А1он

ДУИ: Владата продолжува со ограничување на употребата на албанскиот јазик

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски