Бесими на Пролетните состаноци со ММФ и Светска банка ќе го презентира Планот за финансирање на забрзан раст

Од:

Министерот за финансии Фатмир Бесими, во текот на претстојната недела, ќе учествува на Пролетните состаноци на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), кои годинава се одржуваат онлајн. Во рамки на состаноците, Бесими на меѓународните финансиски институции ќе им ги презентира економските мерки за справување со Ковид и нивното влијание врз економијата, како и Планот за финансирање на забрзан раст (Growth Acceleration Financing Plan), нов стратешки документ кој има за цел преку изнаоѓање нови механизми и извори на финансирање да го поттикне економскиот раст, а воедно да влијае на фискалната консолидација, односно стеснување на дефицитот и стабилизирање на јавниот долг, соопшти Министерството за финансии.

Исто така, ќе се разгледа тековната соработка и проектните портфолија со меѓународните финансиски институции, напредокот и очекувањата за идниот период.

Планот за финансирање на забрзан раст ќе има важна улога за економијата во Република Северна Македонија и зголемување на бројот на работни места, преку користење на јавните инвестиции и средствата од официјалните кредитори за мобилизирање на приватниот капитал. Очекуваните резултати се двојно забрзување на економскиот раст (од 2,5% на 5% на среден рок), задржување на нивото на јавниот долг и буџетскиот дефицит во рамки на мастришкиот критериум и раст на јавните и приватните инвестиции.

Главната поента на планот е преку креирање и користење на нови механизми, инструменти, фондови и извори на финансирање, да се создаде мултипликативен ефект, односно покрај планираните јавни инвестиции во износ од 4 милијарди евра за период 2021-2025 ќе се мобилизираат неколкукратно повеќе средства и инвестиции од приватниот сектор. Со тоа, неколкукратно ќе се зголемат вкупните инвестиции во економијата и ќе се придонесе кон дополнително забрзување на растот на бруто домашниот производ и креирањето на нови работни места.

Планот особено ќе поддржува еколошки и климатски проекти, иновации, како и иницијативи за поправедно општество, наведуваат од МФ.

Планирано е да се креираат развојни фондови, фондови за поддршка на иновации, гарантен фонд, еквити фондови, фонд за ризичен (venture) капитал и слични инструменти за поддршка на извозни компании, мали и средни претпријатија, како и социјални претпријатија. Се планираат јавни приватни партнерства, концесии и други инструменти за финансирање на јавни капитални проекти, но и на приватниот сектор. Тоа ќе бидат проекти кои се наведени во рамките на Националниот инвестициски комитет (НИК), како и нови проекти, кои можат да произлезат како иницијативи од јавниот или приватниот сектор.

Пролетните состаноци со ММФ и Светската банка се еден од клучните финансиски настани во текот на годината и се наменети за координација помеѓу финансиските власти, меѓународните финансиски институции, приватниот и невладиниот сектор од целиот свет и дискусија за предизвиците и идните политики за глобалните и локалните економски цели и развој.

Делегацијата на С Макеоднија, предводена од министерот за финансии Фатмир Бесими и гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска, во текот на следната недела ќе има повеќе состаноци, меѓу кои и со потпретседателката на Светска банка за Европа и Централна Азија Ана Бјерде, директорот на ММФ за Европа Алфред Камер, директорот на конституенцата предводена од Кралството Холандија Кун Дејвидсе, извршниот директор на ММФ Пол Хилберс и со други високи функционери на Светска банка и ММФ.

Би можело да ве интересира

Бесими: Нема замрзнување на платите, работиме на системско и одржливо решение за раст на платите во јавниот сектор

Горан Наумовски

Бесими: Целосна интеграција во ЕУ значи реформи, решавање предизвици и долгорочна стабилност во регионот

Горан Наумовски

Бесими: Нема експропријација на дивоградби, законски измени заради забрзана динамика и пониски трошоци за реализација на проектите

Ана Ололовска

МФ: Интересот за еврообврзницата поголем за половина милијарда евра од претходната аукција

Ана Ололовска

ССМ најави кривична пријава против министерот за финансии Фатмир Бесими

Ана Ололовска

Најава за генерален штрајк од Синдикат на вработените во Министерството за финансии

Ана Ололовска