Полиција затекнала млади на Тиквешко Езеро за време полициски час, ќе следи кривична пријава

Од:

Полиција затекнала млади на Тиквешко Езеро рано утрово за време на полициски час, ќе следи кривична пријава, потврдуваат од МВР.

-Утрово во 2:20 часот со претходно обезбедена наредба од Основен суд Кавадарци, полициски службеници влегле во викендица лоцирана на место викано Брушанска населба на Тиквешко езеро, појаснуваат од МВР.

Викендицата била во сопственост на 23-годишно лице од Кавадарци. Таму биле затекнати четири лица, а по извршена проверка во близина на викендицата, пронајдени биле и легитимирани уште 14 лица меѓу кои и сопственикот на објектот.

Од МВР рекоа дека по целосното расчистување и документирање на случајот, ќе следи кривична пријава по чл.206 од КЗ на РСМ.

Изминатиов период, со оглед на тоа што Тиквешијата е жариште на Ковид-19, постојано се апелира да се почитуваат превентивните мерки против коронавирус. Меѓу другото, се апелира и да нема масовни собирања.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он