„Солар импулс” се приземји во Вашингтон

Од:

Соларниот авион, „Солар импулс” се приземји ноќеска на аеродромот во главниот град Вашингтон – претпоследната етапа од прелетувањети на САД пред финалето, предвидено за почетокот на јули во Њујорк.

Едноместната машина, управувана од Швајцарецот Бертран Пикард, кој наизменично се менува во нејзиното управување со својот сонародник Андре Боршберг, слета на меѓународниот аеродром “Далас” во Вирџинија, во близина на Вашингтон.

Задоволен и среќен Бертран Пикард рече: Може да изгледа лесно, но тоа е плод на многу работа – десетина години за развој на авионот и за изучување на историските и сегашните метеоролошка рекорди.
Според него летот докажал дека човек може да изврши неверојатни работи со новите енергии. Убеден е дека авионот е толку ефикасен и сигурен што може да лета без гориво ден и ноќ.

Машината ќе остане две недели во реонот на Вашингтон и ќе биде изложена во националниот музеј на воздухопловството и вселената во Смитсоновиот институт.

“Солар импулс” тежи 1.600 кг. и е направен од јаглеродни влакна. Има распон на крилата 63,4 м – колку на Боинг 747 – и се напојува од 12 000 фотоволтаични ќелии способни да произведат доволно електрична енергија, за да ја наполнат 400 – фунта литиумската батерија, од која се поднесува струја за четирите пропелерски електрични мотори секој од 10 коњски сили.

Прелетувањето на САД започна на 3 мај во близина на Сан Франциско, Калифоринја. Потоа авионот стигна до Феникс (Аризона), Далас (Тексас), Сејт Луис (Мисури) и Синсинати, Охајо.

Андре Боршберг и Бертран Пикард планираат светска турнеја во 2015 година со подобрена верзија на авионот.

Би можело да ве интересира

Гејтс донираше огромна сума пари за Камала Харис, истото го направија и други американски милијардери

Горан Наумовски

ВИДЕО: Масакр кај Сиетл,15-годишник уби петмина

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Се урна хеликоптер, неколкумина загинати, меѓу кои и дете

А1он

САД се загрижени се можното присуство на севернокорејски војници во Украина

Несреќа во САД: Се урна пристаниште, најмалку седум загинати

САД се заканија, а Нетанјаху ги зголеми испораките на хуманитарна помош во Газа