Полицијата прекина свадба во Кочани и приведе пет лица

Од:

Полициски службеници од ОВР Кочани денеска прекинаа свадбена прослава, а од слобода лишија пет лица, информира МВР.

– На 03.04.2021 околу 14.00 часот во ОВР Кочани е пријавено организирање на свадбена прослава на улицата Шукри Шаин во Кочани на која биле присутни повеќе граѓани. Веднаш по пријавата, на местото на настанот се упатиле полициски службеници од ОВР Кочани и по консултации со дежурен јавен обвинител од ОЈО Кочани од слобода се лишени пет лица, а свадбената прослава е прекината, соопштува Министерството за внатрешни работи.

По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени кривични пријави по чл. 206 од КЗ „Непостапување според здравствени прописи“.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он