Камерон одбива да го коментира „прислушувањето“ на Г20 во 2009 година

Од:

Британскиот премиер Дејвид Камерон одби да ги коментира наодите во лондонски „Гардијан“ за тоа дека тајните служби на Велика Британија ги ловеле и ги читале електронските пораки на дипломатите и членовите на странските делегации за време на Самитот на групата Г20, одржана во Лондон во април 2009 година.

Камерон кој во тоа време беше лидер на британската опозиција, само изјави дека „никогаш не ги коментира прашањата поврзани со безбедноста и разузнавањето“.

Откритијата на лодонскиот весник, се добиени од тајните што ги провали Американецот Едвард Сноуден, поранешен техничар на ЦИА и вработен во компанија која има договор со американската разузнавачка агенција НСА, откако побегна во Хонг Конг.

Провалувањето на „топ тајната“ за прислушување на учесниците на самитот од пред повеќе од четири години, доаѓа непосредно пред Самитот на групата Г8, што попладнево почнува во северноирската област Фармана.

Сознанието дека Британците ги „шпионираат“ странците кога доаѓаат во Велика Британија на меѓународни конференции, како што беше Самитот на 20-те најразвиени и најбрзо растечки економии во светот, им создава непријатности на британските домаќини на овој самит и посебно на премиерот Дејвид Камерон.

Сноуден кој се крие „некаде“ во Хонг Конг преку свои врски најави дека има се уште тајни што тој сака да се откријат, со цел „народот да има целосни сознанија“ за делувањето на тајните служби. Американските безбедносни власти признаа дека неговите откритија им создаваат сериозни проблеми.

Би можело да ве интересира

Гејтс донираше огромна сума пари за Камала Харис, истото го направија и други американски милијардери

Горан Наумовски

ВИДЕО: Масакр кај Сиетл,15-годишник уби петмина

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Се урна хеликоптер, неколкумина загинати, меѓу кои и дете

А1он

САД се загрижени се можното присуство на севернокорејски војници во Украина

Несреќа во САД: Се урна пристаниште, најмалку седум загинати

САД се заканија, а Нетанјаху ги зголеми испораките на хуманитарна помош во Газа