Полицијата растури домашна забава во Струмица

Од:

При контрола на стан на 22-годишен струмичанец полицијата синоќа открила дека организирал забава со уште седум лица, со што сториле кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”, информираат од МВР.

– Денеска во 03:40 часот, по претходна пријава и по овластување на јавен обвинител, полициски службеници извршиле контрола во стан на булевар „Ленинова“ во Струмица, сопственост на Д.А.(22) од Струмица, при што било констатирано дека организирал забава со уште седум лица, со што сториле кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”, казниво по член 206 од Кривичниот законик, се вели во соопштението од МВР.

По целосно документирање на случајот, од МВР информираат дека, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он