Поранешниот потпретседател на САД, Дик Чејни, го нарече предавник поранешниот соработник на ЦИА, Едвард Сноуден, кој го откри постоењето на тајните програми за електронска шпионажа на американската Агенција за национална безбедност.
– Сметам дека е предавник, рече Чејни во интервју за телевизијата „Фокс“.
Тој дополни дека Сноуден извршил злосторство, бидејќи го прекршил својот договор за работа, издавајќи тајна информација.
Поранешниот потпретседател кажа дека, како што си споменува, ова е еден од најтешките случаи, кога човек со пристап до тајна информација им нанасува огромни штети на интересите на националната безбедност на САД.
Најажестоките критики кон Сноуден се упатени од претставници на конзервативната политичка елита, кон која спаѓа и републиканецот Чејни, забележуваат руските медиуми.