Сан Антонио на чекор до шампионскиот прстен

Од:

Една победа ги дели кошаркарите на Сан Антонио од освојување на шампионскиот трофеј во НБА лигата, откако ноќеска во петтиот дуел од финалната серија на свој терен го победија Мајами со 114:104.

Најзаслужни за повторното водство на „Спарси“ во серијата прв до четири победи беше триото ветерани. Тони Паркер реализира 26 поени, Емануел Џинобили 24 поени и 10 асистенции и Тим Данкан со 17 поени и 12 скокови.

За Мајами кој е бранител на титулата вообичаено Леброн Џејмс со 25 поени и 8 асистенции и Двејн Вејд со 25 поени и 10 асистенции беа најдобрите поединци.

На шестиот дуел од големото финале домаќин ќе биде Мајами, исто како и на евентуалната мајсторка доколку изедначи на 3-3 во победи.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on