Навални почна штрајк со глад

Од:

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални почна штрајк со глад, а информацијата ја објави на Инстаграм од затворот во Владимирската област, каде издржува казна од две години и осум месеци.

– Објавувам штрајк со глад со барање за усогласеност со законот и дозвола да ме посети лекар, напиша рускиот опозиционер.

Штрајкот ќе трае сè додека Навални не добие соодветна медицинска помош за силна болка во грбот и трнење во нозете.

Наместо да добие медицинска помош, тој наведе дека бил мачен со лишување од сон.

Алексеј Навални, во понеделникот рече дека добил скоро десетина предупредувања за неговото однесување откако беше затворен минатиот месец и оти има ризик да биде испратен во самица.

Најотворениот критичар на рускиот претседател Владимир Путин издржува казна од две и пол години за обвиненија за проневера, за кои Навални вели дека се политички мотивирани.

Би можело да ве интересира

Московскиот суд ја потврди одлуката за апсење на Јулија Навални во отсуство

Судот во Москва издаде потерница по Јулија Навални

Горан Наумовски

„Волстрит журнал“: Путин не наредил ликвидација на неговиот политички ривал Навални

Навални пред смртта напишал автобиографија

Рокот за прелиминарната истрага за смртта на Навални е продолжен

Хакери се одмаздиле за смртта на Навални

Горан Наумовски